Сина Ума е вид на мрсна глина која наоѓа широка примена во козметичките третмани поради своите повеќекратни корисни својства. Таа е еколошки чист и 100% природен производ со висок капацитет на јонска измена со што поседува особина на детоксификација на кожата и отворање на порите.
Сина Ума во својот состав ги содржи минералите: силициум, алуминиум, калиум, магнезиум, железо, калциум и натриум. Природниот гранулометриски состав е со содржина на фракција под 32 микрометри од 95,45%. Глината Сина Ума нема претрпена никаква термичка обработка и не содржи никакви адитиви. Бактериолошки е потполно безбеден производ.
Глината Сина Ума освен во козметички цели низ вековите наназад, била употребувана како лек во физикалната медицина (кал бањи или облоги од глина) и во дерматологијата за лечење на многу кожни заболувања.
Анализи на глината Сина Ума се направени на:
Покрај потврдата од здравствени и научни институции, нашиот квалитет е потврден од нашите потрошувачи во земјата и странство, како и појавата и пофалбата на нашиот производ на различни сајтови и форуми, како на пример: